06:08 - 19 август, 2026

Рада Манојловиќ и Катарина Грујиќ се скараа поради овој маж: Пејачките со години во војна, конечно откриена вистинската причина

Со години трае тивката војна меѓу Рада Манојловиќ и Катарина Грујиќ, а двете пејачки ниту се трудат да го сокријат заладениот однос, ниту да го поправат. Иако во јавноста со време се појавуваа различни шпекулации, вистинската причина за нивниот прекин долго време остана тајна.

Се зборуваше дека Катарина ја „прецртала“ Рада затоа што не ѝ се јавила додека лежела во болница со сериозна инфекција на бубрезите. Пејачката тогаш изјави дека ги затворила вратите за сите кои не биле покрај неа во најтешките моменти, што дополнително го зацементирало нивното дистанцирање.

Сепак, според извори блиски до Рада, вистинскиот раздор започнал многу порано и бил поврзан со дует кој требало да го реализираат со Харис Берковиќ, тогашниот партнер на Рада. Песната веќе била договорена, Катарина ја слушнала и прифатила, но кога дошло време за влез во студио, таа престанала да одговара на повиците и пораките.

Наводно, Рада најмногу ја повредило тоа што Катарина не нашла ни време да се јави или да објасни што се случува, а не самата одлука да се откаже од соработката. По денови игнорирање, Рада одлучила целосно да го прекине контактот и да ја избрише од својот живот.

Подоцна, кога Катарина јавно спомна дека не добила поддршка додека била болна, конфликтот повторно излезе на површина. Рада, пак, преку објава на социјалните мрежи алудираше дека на естрадата секој гледа личен интерес, по што Катарина возврати со порака за „комплекси“, што многумина го протолкуваа како директен напад.

Од тој момент, односите меѓу двете пејачки останаа целосно замрзнати, а помирување, барем засега, не е ни на повидок.

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....