12.8 C
Скопје
10:58 - 21 април, 2026

Принц Хари реагира на појавувањето на Кејт Мидлтон на Вимблдон: „Ѝ испрати смс-порака…“

Принцот Хари реагирал на долгоочекуваното појавување на Кејт Мидлтон на Вимблдон, на 14 јули 2024 година. За ова пишува списанието Хит (Heat).

Принцезата од Велс, болна од рак, доби овации на годишниот Грен слем турнир – четири месеци откако искрено ѝ се обрати на јавноста и кажа за својата борба со ракот.

„Хари го гледаше Вимблдон и беше воодушевен што ја виде Кејт како толку многу блеска“, изјавил извор за списанието.

фото Инстаграм

„Тој ѝ испрати порака за да ѝ честита и ѝ кажа колку е среќен што ја гледа овде“, додаде инсајдерот.

Според изворот, Хари е пресреќен што сопругата на неговиот брат веќе се опоравува и дека може да се врати на своите обврски по долгата пауза. Меган Маркл го поддржува истиот став.

Принцезата од Велс, која извесен период е повлечена од јавните обврски, ги воодушеви фановите кога се појави во тенискиот клуб „All England Lawn Tennis Club“ појавувајќи се со нејзината ќерка принцезата Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон. Таа му го врачи трофејот на победникот на тенискиот турнир Карлос Алкараз.

Сопругата на принцот Вилијам е кралски покровител на Клубот за тенис и крокет во Англија (AELTC) и одлучи да ја почести организацијата носејќи креација во една од нејзините официјални бои.

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо
Се вчитува....