6.8 C
Скопје
06:19 - 21 октомври, 2026

Потресна исповед на глумицата од „Тропни на мојата врата“: „Татко ми ме силуваше, не помнам колку пати бев хоспитализирана“

Убавата турска глумица Мелиса Донгел, најпозната по улогите во турските серии „Тропни на мојата врата“, „Наша приказна“ и „Елиф“ веќе на 22-годишна возраст стана една од најпопуларните актерки во својата земја и има навистина вртоглава кариера. Инаку, кариерата ја започна во популарната турска серија Елиф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

Сепак, зад убавото лице стои голема болка. Зад нејзината широка насмевка се крие страшна животна приказна.

Мелиса сподели со турските медиуми дека нејзиниот живот во минатото воопшто не бил лесен, напротив, сопствениот татко ја силувал кога имала 15 години, а тогаш побарала помош од мајка ѝ.

Меѓутоа, како што раскажала Мелиса, нејзината мајка не ѝ верувала и ја замолила никогаш повеќе да не зборува за тоа.

Поради траумите од минатото, убавата глумица сеуште редовно оди на психијатар и смета дека тоа што јавно говори на оваа тема е корисен лек за душата. Најпосле, со сопствената приказна, споделена со новинарите, сакала да ја заштити и својата помала сестра.

Таткото на Мелиса, моментно е во затвор, додека мајка ѝ пребегнала во Русија. Денес, Мелиса живее со сестра си во Истабнул и таа е нејзина старателка.

„Не можам повторно да го доживувам моето детство“, рече таа во разговор за турски медиум.

Нејзиниот татко отсекогаш тврдел дека Мелиса ја измислила приказната за силувањето затоа што ѝ забранил да се занимава со глума, а таа пак, го негира тоа и тврди дека отсекогаш била редство за носење пари на сопствениот татко. Тврди и дека немала никакво детство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melisa Döngel (@melisadongel)

„Постојано работев за да не бидам дома. Немав детство. Им кажав на пријателите за злоставувањето на кое бев подложена, не само на мајка ми. Бев изложена на првата сексуална злоупотреба во средно училиште“, искрена е Донгел.

Открива и дека сега е вистинско време да проговори за проблемите од минатото.

„Не можев да кажам порано зашто татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ми ја уништи актерската кариера. Додека одев во средно училиште, еднаш дури се обидев да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Потоа се исправив и си реков: Зошто си го правам тоа себеси?“, рекла актерката.

По оваа исповед, многу колеги ѝ дадоа поддршка.

 

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....