01:28 - 19 август, 2026

Поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски – моделката Кристина Димитри се огласи против провакаторите: „Јас и мојот син живееме наш живот пет години и немаме никаква врска со животот на мојот бивш маж!“

Поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмаковски, поранешна мисица, моделка и пејачка, Кристина Димитриевска, се огласи на Инстаграм објаснувајќи дека по свадбата на екс-сопругот, добива валкани пораки.

Убавата Тетовчанка нагласи дека „гнасотиите“ не ги добива само таа туку и членови на нејзиното семејство.

Една од провокативните пораки била и онаа во која се наведува дека е „многу љубоморна“ поради тоа што нејзиниот син „сега ќе има полубрат или полусестра“.

Така, Кристина одлучи јавно да сподели што ѝ се случува, но и да даде одговор на провокациите, со желба да им стави крај.

„Горе стојат дел од гнасотиите што некоја болна личност ги пишува на луѓе од моето семејство. Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови, жени… Тоа е негов живот. Јас и мојот син живееме наш живот пет години , (а тоа е етапа на која јас пред пет години ставив крај)! И немаме никаква врска со животот на мојот бивш маж. Толку од мене на оваа тема. Порано знаевме кој е „психички болен“, сега е масовно. Не е срамота да побарате помош од психолог и психијатар. Срамота е да правите лажни профили и да се мешате во туѓ живот. Недела е, луѓе ручајте со најблиските. Ви праќам љубов во вашите срца полни со омраза“ – напиша Кристина.

Потсетуваме, Даниел Кајмаковски пред десетина дена го кажа своето второ „судбоносно да“, а за својата сопруга за сега не открива ништо. Тоа е втор брак на пејачот, по разводот со Кристина.

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....