8.8 C
Скопје
01:25 - 18 октомври, 2026

Попоски предупредува на невреме во Македонија, крајна претпазливост!

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Средоземјето, над Италија а потоа и над Јадранското море, и во следниот период во Македонија продолжува променливото и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови па натаму ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во Скопје и околината исто така продолжува нестабилното време, а во делови од котлината ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите речиси насекаде ќе се искачуваат до околу, па и над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и малку над 25 степени, што значи дека сеуште нема никаква најава за првиот изразен топол Африкански бран, и за истиот ќе се изначекаме.

Инаку целиот регион е зафатен со интензивни дождови, а особено во Хрватска и Босна  има и поплави, каде во делови од овие држави има и евакуација на граѓани. Интензивните врнежи ќе продолжат и понатаму, а овие поплави се само почеток. Низ целиот Балкански Полуостров понатаму е можно и ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Од друга страна пак, во Алпскиот регион има интензивни снежни врнежи, вистинска снежна бајка и владее вистинска зима во мај – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....