16:27 - 31 март, 2026

Попоски предупредува на невреме: Обилен дожд и силен ветер од над 80 км/час

– Под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални ПОПЛАВУВАЊА.

Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). На високите планини и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од снег и ќе се формира ПОЗНАЧИТЕЛНА снежна покривка.

Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Поради силниот ветер кој се очекува препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Големо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) се очекува за време на викендот. На планините тогаш снежната покривка ќе надминува 50 цм, а снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....