-3.2 C
Скопје
02:46 - 19 февруари, 2026

Попоски најавува нов бран врнежи на дожд и снег, еве кога

– Денес и утре во Македонија следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите преку ден ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ и ПРОЛЕТНИ и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 15 степени.

Нов бран на врнежи од запад ќе има во среда и истите ќе бидат од дожд, додека на планините ќе врне снег а кон крајот на денот  и вечерта провејување на снег се очекува и на надморска височина од околу, локално и под 1000 метри.

Во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието.Температурите во четврток повторно ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Во Скопје и околината очекуваме слично време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени. Во среда ќе има нови врнежи од дожд, додекаа во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер и температурата ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали.

НАПОМЕНА: Од ноќта среда кон четврток територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов СТУДЕН бран од север. Биометеоролошките услови овие денови ќе бидат релативно НЕПОВОЛНИ, па така кај метеопатите се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. Истите се советуваат да го посетат својот матичен лекар за совет, но и да ја земаат редовната терапија која им е препишана од истиот, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....