9.8 C
Скопје
15:04 - 31 март, 2026

Попоски најавува: Џеновски циклон ни носи поинтензивни врнежи, грмежи и пад на температурите, еве кога!

– До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло, а најтопло ќе биде во петок и сабота кога ќе дува ветер од јужен правец и повремено истиот ќе засилува на интензитет.

Во петок и во сабота максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Повремено ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на Џеновски циклон, од недела кај нас ќе има поголема промена на времето, повеќе врнежи, проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, со силен ветер и со услови за појава на град. Температурите позначително ќе се намалат, и тоа за околу,  а понекаде и за повеќе од 10 степени.

Почести врнежи и грмежи барем според сегашните анализи се очекуваат во текот на следната седмица, но и многу пониски температури на воздухот.

Овој Џеновски циклон ќе донесе вистинска есен во целиот регион, а во Алпскиот регион ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....