05:53 - 18 ноември, 2026

Попоски: Фронтален систем од запад ни носи невреме, еве кога

– Под влијание на Фронтален систем од запад, и на серија на влажни воздушни бранови, од утре па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресени Христово – Велигден во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со силен втер, грмежи а има услови овие процеси да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Ќе има услови и за локална појава на град.

Утре ветерот локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час и ќе биде од јужен и од југозападен правец. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така утре на високите планини ќе има и врнежи од СНЕГ. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така од утре па во следните денови ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со ЗАСИЛЕН ветер, а можна е и појава на грмежи. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....