36.8 C
Скопје
17:17 - 11 септември, 2026

(Фото) Мистериозно исчезна актерот Дрејк Бел, полицијата трага по него: „Може да е во опасност неговиот живот“

Според неодамнешниот извештај (во четврток, односно денес наутро), полициската управа во Дејтона издала пријава за исчезната личност – актерот Дрејк Бел.

Последен пат кога луѓето пријавиле дека го виделе актерот бил во средата навечер кога возел сиво БМВ од 2022 година и потоа тој не бил виден. ТМЗ, исто така, известува дека сите се длабоко загрижени каде би можел да се наоѓа и дали е воопшто добро, а полицајците веруваат дека неговиот живот може е во опасност. Местото каде што бил забележан во неговиот автомобил е областа на средното училиште во Мејнленд, од каде доаѓаат последните извештаи. Детективот Џејсон Валас го води случајот и тој побара луѓето кои имаат информации за Дрејк Бел да му се јават лично на телефон, при тоа оставајќи го јавно својот телефонски број и личната имел адреса.

Познат како Џаред Бел, Дрејк всушност беше во посета на градот Монтереј, Мексико минатата недела за да ја промовира својата актуелна работа и да се појави во познатиот подкаст познат како „Креативо“. Ѕ

вездата од „Дрејк и Џош“ неодамна беше вмешан во сериозни неволји поради обид за загрозување на деца, а при случајот тој се изјасни за виновен. Тој штотуку ја завршил својата условна казна, но наводно се впуштил во непримерно однесување во клуб каде што требало да настапи со девојка која во тоа време имала под 18 години. Според документите од случајот, Дрејк Бел имал онлајн врска со оваа девојка. Исто така, Бел се соочи со други обвинувања во минатото, меѓу кои и апсење во 2015 година поради наводна злоупотреба на жена со која имал врска.

Според онлајн „четерите“ ова исчезнување на Дрејк е измама, но извештајот на полицијата на Дејтона Бич докажува дека тие ја сфаќаат оваа работа исклучително сериозно.

За време на тој подкаст „Креативо“, Дрејк Бел откри колку Холивуд може да биде токсичен и како таа машинерија понекогаш може да го земе најдоброто од уметниците. Мистериозното исчезнување на Дрејк Бел доаѓа само неколку дена по тоа интервју.

 

Слични објави

Се вадам на скршената глава: Перо Камиказа повторно на велосипед по потресот на мозокот

apostolova

Храна и пијалаци што ги уништуваат бубрезите: Внимавајте што секојдневно внесувате во организмот

Еспресо

Ова е вистината за дијагнозата на Јелена Томашевиќ

E.A.

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо
Се вчитува....