18:06 - 7 ноември, 2026

Попоски: Екстремно топло време со температури до 43 степени, а во Грција дури до 47 степени под сенка!

– Конечно влегуваме во подолг период на стабилно, суво и на претежно сончево време, со слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од северен правец.

Меѓутоа како што и најавивме, најпогодени од очекуваниот екстремно топол Африкански бран следната седмица ќе бидеме токму ние, како и соседна Грција. Кај нас и тоа особено од среда па натаму, температурите на многу места ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели локално температурата ќе се искачу дури до 43 степени.

Уште потопло ќе биде во соседна Грција, каде локално температурите ќе се искачат дури до рекордни 46-47 степени.

Ув индексот следната седмица ќе има екстремно висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и кога сонцето е најсилно, но и да пијат што повеќе течности. Исто така и времето ќе биде спарно и мачно.

Екстремно топлиот Африкански бран кој ќе не зафати, кај нас ќе се задржи најмалку една недела (седум денови, можно е и повеќе).

Во Скопје и околината за време на овој голем топол Африкански бран температурата ќе се искачи до 40, 41 степени.

НАПОМЕНА: Очекуваните температури погоре наведени ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени) – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....