14:14 - 1 април, 2026

Попоски: Допрва доаѓа невреме, можно е невреме и во Скопје, еве од кога да очекувате нови обилни дождови

– Главното со временските непогоди и обилните дождови допрва доаѓа и тоа со влијанието на циклонот од Средоземјето.

Денес попладне на повеќе места, а од четврток до недела низ целата територија на Македонија ќе има врнежи, грмежи и повремено засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат ОСОБЕНО ОБИЛНИ.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со многу обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Локално до недела ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Токму поради ова постои опасност од нови локални поплави, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Исто така поради очекуваните обилни врнежи, можно е излевање на некои реки, особено оние помалите.

Температурите во следните денови повторно ќе бележат тенденција на ПАД, и ќе бидат потпросечни за овој период од годината и локално ќе се спуштат дури и под 20 степени преку ден, а во најтоплите предели тие ќе се искачат до околу 24, 25 степени.

Во Скопје исто така се очекуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината. Температурата особено за викендот ќе биде во пад и ќе се искачува до околу 20 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....