17:38 - 31 март, 2026

ИСТРАЖУВАЊЕ: Половина од светската популација страда од хронични главоболки

Ново истражување на Science Alert го проценува степенот на појавата на главоболките кај светската популација, пренесува Dailyecho.

Истражувачите откриле дека главоболките се почести кај жените отколку кај мажите, а најголемата разлика е кај мигрената (17 отсто кај жените и 8,6 отсто кај мажите).

„На дневна основа, 15,8 отсто од светското население страда од главоболка“, се истакнува во анализата.

Авторите откриле и дека преваленцата на нарушувања со главоболка останува висока ширум светот и сериозноста на различните видови може да влијае на многу луѓе.

„Очигледното зголемување на преваленцата на мигрена со тек на времето може да биде поврзано со промени во животната средина – физичките, психолошките или промените на однесувањето, но поверојатно е дека е поврзано со развојот на методологијата со текот на годините, што доведува до подобар пристап, техники и подобрени дијагностички алатки во оваа област“, се вели во анализата.

Неврологот Ларс Јакоб Стовнер од Норвешкиот универзитет, смета дека тоа може да се намали преку превенција и подобар третман.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....