16:46 - 27 ноември, 2026

СТРОГ КАРАНТИН ВО ШАНГАЈ: Очајни луѓе, без храна, врескаат од прозорците, бројни самоубиства!

Строгите ограничувања поради коронавирусот го оптоваруваат населението. Американскиот Стејт департмент нареди сиот „несуштински“ персонал да го напушти градот Шангај. 

Врисоците од облакодерите во Шангај најавуваат очај. Многу луѓе се исцрпени и има случаи на самоубиства. Конкретно, ограничувањата во некои области на градот практично ги направија жителите „затвореници“ кои не можат да добијат храна и основни потреби. Шангај, со над 26 милиони жители, се соочува со принудно ограничување околу две недели, што всушност ја става издржливоста на жителите на тест.

Видеата документираат бунт на луѓето, луѓе кои ги пробиваат безбедносните жици затоа што се исцрпени, а понекогаш дури и случаи на самоубиства. Ситуацијата е катастрофална, толку многу што локалните власти – кои ја поддржуваат политиката „нулта ковид“, истата усвоена за време на Олимпијадата во Пекинг 2022 година – најавија релаксација и покрај присуството на коронавирусот.

Долготрајната донашна изолација во Шангај за жителите на градот е неподнослива, контејнерите продолжуваат да се натрупуваат, а над 90% од камионите не се во функција и имаат забрана за влез и излез од градот доколку немаат посебна дозвола, со важност само од 24 часа и само на одредени релации. 

Во очигледно тежок контекст, американскиот Стејт департмент му нареди на целиот несуштински персонал да го напуштат градот Шангај поради вонредната состојба со Ковид-19.

Пред три дена на „несуштинскиот“ персонал на конзулатот и нивните семејства им беше препорачано да ја напуштат земјата, а американските граѓани беа советувани да не одат во метрополата каде што е на сила многу строгото „заклучување“ околу две недели. Меѓу предупредувањата е и советот да се набави „доволно лекови, храна и други потреби за семејството во случај на нови ненадејни ограничувања или карантин“.

 

Слични објави

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо
Се вчитува....