20:34 - 11 ноември, 2026

ПОКРЕНАТА ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ВИЛ И ЏЕЈДА СМИТ: Јавноста згрозена од деталите од нивниот интимен живот

вил смит, џејда смит

Деновиве во јавноста повторно се крена прашина околу деталите од интимниот живот на Вил и Џејда Пинкет Смит, кои самиот актер ги откри во своите мемоари објавени на 9 ноември.

Славната двојка се најде на мета на осуда, а многумина се согласија дека сега се запознаени со детали што воопшто не сакале да ги знаат.

Целата ситуација ескалираше кога еден од читателите решил дека нивната „отвореност“ ги надминала сите граници и покренал петиција за забрана за интервјуирање на оваа двојка.

ПОВРАЌАЛ ПО ОРГАЗАМ: Актерот Вил Смит повторно со шокантна изјава

Петицијата креирана преку „Change.org“ е веќе потпишана од повеќе од 15.000 луѓе и сите се согласија дека некои работи подобро се чуваат за себе.

Ѕвездата на филмот „Men in Black“ во своите мемоари откри премногу лични детали од неговиот брак, но и од приватниот живот. Ја спомна својата фантазија за „харем“ и призна дека во младоста повраќал од премногу секс. Неговата сопруга Џејда веќе зборуваше за тоа дека Вил не може сексуално да ја задоволи, а откри и дека претходно била зависна од алкохол, дрога и порнографија.

НЕ ВЕРУВА ВО МОНОГАМИЈА И САКА ДА ИМА СВОЈ ХАРЕМ: Вил Смит со шокантни изјави

Ова не е првпат Вил и Џејда отворено да зборуваат за својата интимност. Џејда исто така го покрена ова прашање во интервју со Гвинет Палтроу во октомври, кога ја истакна важноста паровите да разговараат за нивните сексуални фантазии.

„Сè што научив за овој пар беше против моја волја“, „Ми се лоши и уморен сум од деталите од нивниот живот, сакам тоа да престане“, „Дали знаат што е приватност“, „Грозно“, беа само дел од коментарите под петицијата.

Слични објави

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо
Се вчитува....