19.8 C
Скопје
14:41 - 12 октомври, 2026

НЕ ВЕРУВА ВО МОНОГАМИЈА И САКА ДА ИМА СВОЈ ХАРЕМ: Вил Смит со шокантни изјави

вил смит, џејда смит

Холивудскиот актер зборуваше за бракот со Џејда Пинкет Смит и откри дека во еден момент донеле заедничка одлука да не практикуваат моногамија.

„Џејда никогаш не веруваше во конвенционален брак… Некои членови на нејзиното семејство беа во неконвенционални врски“, откри Вил Смит во неговото последно интервју за списанието „GQ“ кој е во брак со неговата сопруга Џејда Пинкет Смит од 1997 година.

вил смит, џејда смит
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Смит / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

„Таа пораснала во сосема поинаква средина од мене. Често разговаравме, барајќи ја вистинската формула за совршена врска. Поголемиот дел од нашата врска ја поминавме моногамно, но исто така не мислевме дека таа одлука е идеална“, рече Смит, додавајќи дека нивното размислување не е нешто што ќе им се допадне на сите.

вил смит, џејда смит
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Смит / Фото: EPA/NINA PROMMER

„Си дадовме доверба и слобода, свесни дека секој мора да го најде својот пат, а бракот за нас не смее да биде затвор. На никој не го предлагам нашиот пат, но искуството кое ослободува го добивме откако си дадовме безусловна поддршка еден на друг, и за мене тоа е најдобрата дефиниција за љубовта“, раскажа Вил.

вил смит, џејда смит
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Смит / Фото: EPA/MATT CAMPBELL

Минатата година, неговата сопруга се најде во скандал поради вонбрачната врска со тогаш 27-годишниот пејач Аугуст Алсин, а сега Вил Смит откри дека не е единствената што имала афера, но тој не влегуваше во детали. Актерот откри и дека долго сонувал да има харем во кој ќе има познати девојки, а во кој, меѓу другите, ќе биде Хали Бери.

Слични објави

Зорица Брунцлик откри дека се борела со рак: Најблиските ја криеле дијагнозата, сопругот проверувал дали дише

Еспресо

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Еспресо

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.
Се вчитува....