32.8 C
Скопје
12:07 - 20 август, 2026

Подготовките за „Макфест 2023“ се во полн ек: Фестивалот ветува аудио-визуелна рапсодија

„38 години Макфест – „фестивалска симфонија за цела Македонија“ гласи слоганот на годинешното 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип кој ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година како на музички, така и на визуелен план, кога фестивалот направи крупен исчекор од „неколкугодишната летаргија“ .

Подготовките се започнати и се во полн ек, како на организационо-технички, така и на продуцентско-музички план, па одбраните содржини ветуваат уште понагласена хитовска определба, но и грст изненадувања во обете вечери, каде ќе видиме дузина млади, помалку афирмирани, а сепак надежни музички имиња, но и „вистинско соѕвездие“ од македонската забавно музичка ѕведена елита“ изведувачи, како што вели и уметничкиот директор, познатиот македонски композитор и музичар Роберт Саздов кој заедно со тимот работи на обликувањето на музичката слика на фестивалот.

„Работиме на тоа годинава на Макфест да му го вратиме сјајот од една, но од друга страна фестивалот да биде уште поблизу до актуелните, светски, музички трендови од друга страна, со свеж звук и модерна продукција кои се блиски до младата публика, а онаа повозрасната сепак да ја препознае песната која ќе биде блиска до нивниот сензибилитет“ – појаснува Саздов.

Организационо-извршната продуценстка екипа исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите.

Не сакајќи да ги откриваат во старт сите детали, за почеток Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип, за јавноста промотивно го соопшти годинешниот слоган кој ќе биде едно од обележјата на фестивалските денови, кој гласи: „38 години Макфест – „фестивалска симфонија за цела Македонија“! Според почетно кажаното, несомнено годинава може да очекуваме „Макфест 2023“ да понуди уште побогата „аудио-визуелна рапсодија“ за сите сетила.

Слични објави

(Фото) Љубов што трае 24 години — Наташа Малинкова на семеен одмор со сопругот Кире и ќерките во Грција

Еспресо

Нивната љубов немаше сценарио: Драган Николиќ и Милена Дравиќ се сакаа до последниот ден

Еспресо

(Фото) Згодната Туна Сејди се јави од Занзибар: „Рајот започнува тогаш кога ќе престанеш да брзаш“

Еспресо

Маја Шупут на одмор во Грција – пејачката позираше покрај базен во минијатурно бикини

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 август: Внимателно изберете со кого ќе го поминете времето

apostolova

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо
Се вчитува....