31.8 C
Скопје
18:03 - 9 септември, 2026

Подарок од Бога: Што напиша Бритни Спирс за Сем Асгари во своите мемоари

Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, „Жената во мене“, книга која беше објавена во светот на 24 октомври, е најдискутираната книга во шоу-бизнисот. Во неа, уметницата искрено зборуваше за нејзиниот живот, односите со поранешните партнери, старателството и многу повеќе. Таа во книгата не го поштедила ни својот сопруг Сем Асгари. Иранскиот фитнес тренер по шест години врска и 14 месеци брак се разведе од Бритни во август 2023 година, пишува Дејли Мејл.

За разлика од тоа што го пишува за Џастин Тимберлејк, авторката на мемоарите за Сем зборува со голема топлина.

„Ја ценам неговата стабилност. Ми се допаѓа што не ни пие“, пишува таа. Бритни им раскажа на читателите дека „знаела“ дека го сака веднаш штом влегол во нејзиниот живот.

„Хемијата меѓу нас беше луда на почетокот. Не можевме да ги одвоиме рацете еден од друг”, се сеќава ѕвездата.

Спирс му дава заслуга на Асгари што ѝ помогнал да заземе став против нејзиното 13-годишно конзерваторство и да биде со неа во текот на нејзината борба за слобода.

„Го почитувам – неговата доследност на тренинзите, фактот дека е добра личност и фактот дека е здрав и се грижи за мене и ми помага да научам како можеме да се грижиме еден за друг. Тој е таква инспирација, а јас“ благодарна сум“, вели пејачката, нарекувајќи го Сем „дар од Бога“.

Славната личност го доставила ракописот на книгата за печатење уште пред нивното разделување.

Што се однесува до Асгари, на прашањето дали е нервозен поради откривањето информации во мемоарите, тој одговорил негативно и нагласил дека веќе ја прочитал книгата.

Слични објави

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....