22.8 C
Скопје
16:43 - 2 мај, 2024

Вера Љубојна ослабната и во нов стил покажа каква камелеонка е на Макфест: „Почнав да си ги слушам телото и душата, тие ми кажува што ѝм треба“

Секогаш е задоволство да се види Вера Милошевска -Јосифовска, вокалистка на Љубојна, на своите настапи, без разлика дали станува збор за концерт или изведба во рамките на џез фестивали, да ѝ се чуе гласот со целата негова раскошност. Овојпат ја видовме во сосема поинакво издание, но сепак, таа – препознатливата Вера, на сцената на Макфест. Во сосема нов стил, изглед, па и физичка трансформација, видно ослабната.

Како дојде до идејата да настапувате на Мекфест? 

– Имаше песна која имаше потреба некаде да се роди, а идејата да настапам на Макфест мислам дека тргна од идејата Макфест да се ребрендира, тоа од лани мислам дека почна, и да вклучува различни музички имиња. Таа идеја ми се виде многу симпатична и, меѓу другото, Макфест е фестивал кој има традиција долги години и од кадешто излегоа многу хитови.

Кој ја правеше песната?

– Песната е моја, и текст и музика. Ова е втора песна која што ја пишувам комплетно јас, првата е „Јас и ти“, и таа веќе оди и на нашите концерти, а оваа е песна која сега ќе влезе во етерот, почнувајќи од Макфест, и се надевам ќе има убав прием.

Од кој жанр е?

– Песната е работена во реге тон, но искрено тоа мене ништо не ми значи, за мене музиката е музика, моќта на експресијата, моќта на тоа како допира до луѓето ја прави една песна -песна.

Сепак, препознатлива сте пред сè по етно стилот, а овојпат сте поинаква?

– По многу работи сум препознатлива, ама ја гледате музиката како целина, таа има многу контексти и секојпат таа иста линија може да се препочитува на многу различни начини. Ако јас таа иста песна ја ставам во седум осмини, нема да ја препознаете. Ако било која песна ја извлечете од контекст таа може да стане билошто. Значи музиката е музика. И треба да се забавуваме.

Трансформацијата на што се должи?

– Постојано се трансформирам. Јас сум еден камелеон и ако мислите на мојот изглед, почнав да си ги слушам телото и мојата душа, тие ми кажува што ѝм треба. И кога нема да си ги послушам, тука настанува тој конфликт, а јас не сакам да имам конфликт со сопственото тело, зашто ми е убаво кога си го слушам и насоката е секогаш индивидуална. И на сите им препорачувам да си го прашаат нивното тело и нивниот дух што им сака.

Вежбате, одите во теретана?

– Не одам во теретана, но одам на Водно. Зашто без тоа зеленило не би можела физички да се променам, доколку мојата душа не го впие тоа сонце и зеленилото од околината. Затоа велам дека тоа е многу индивидуално и секој треба да си го точното место што го прави среќен.

Што подготвувате за понатаму?

– Не е малку ова што го подготвив. Пред извесно време магистрирав, тоа е огромен труд што го вложив и едно огромно истражување, јас сум значи магистриран фолклорист, а работев на тема македонскиот вокален мелос во современиот контекст. Тоа е една многу опширна тема и прилично апликативна затшто во голем дел е вклучено моето лично истражување и мојата практична работа до сега, освен она теоретско истражување за музиката од почетоците до денес. Така што огромна заложба е. Потоа, ова е нова песна која сум ја напишала, па нека одзвучи, па ќе се прашаме за други новости.

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....