10.8 C
Скопје
22:19 - 19 октомври, 2026

Почина ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“: Мартин Мал подлегнал на болеста

Познатиот актер Мартин Мал почина на 80-годишна возраст, објави на Инстаграм неговата ќерка Меги Мал. Тој одигра голем број одлични улоги, вклучувајќи ја и улогата во хит серијата „Два и пол мажи“.

„Со скршено срце објавувам дека татко ми почина дома на 27-ми јуни по храбра битка со долго боледување. Беше познат по тоа што беше брилијантен во секоја можна креативна дисциплина, но и по снимањата“, рече таа.

Таа додаде дека Мартин Мал многу ќе им недостига на неговата сопруга, ќерка, пријатели, соработници, колеги уметници, комичари и музичари и но и на бројните кучиња. „Го сакав неизмерно“, рече таа.

Актерот се прослави во седумдесеттите со улогите во сериите Мери Хартман, Фернвуд 2 ноќ и Америка 2 најт.

Беше успешен и во музиката, па неговата песна „A Girl Named Johnny Cash“, испеана од Џејн Морган, го достигна 61-то место на Билборд-листата. Тој ја напиша тематската песна за серијата „51-та држава“ од 1970 година и служеше како музички продуцент за филмот „Џамп“ од 1971 година.

Имаше забележителни улоги во Sabrina, The Teenage Witch, Roseanne, Two and a Half Men, Arrested Development, The Ranch, и The Cool Kids. Тој беше номиниран за наградата Еми во 2016 година за неговата улога во Veep.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....