21:46 - 9 ноември, 2026

Почина познатиот јапонски дизајнер Исеј Мијаки, „кројачот на ветрот“

Познатиот јапонски дизајнер почина на 84-годишна возраст, во петокот на 5 август, веста денеска беше објавена во јавноста од неговиот кабинет.

Мијаки почина во болница во Токио на 84-годишна возраст во петокот на 5 август, а веста е соопштена дури денес, 9 август, од неговата канцеларија. Јапонскиот јавен телевизиски канал исто така ја објави смртта на дизајнерот.

Во својата брилијантна кариера, уметникот, познат на меѓународно ниво по своите креации кои ја комбинираат јапонската традиција со врвни материјали и кроеви, беше автентичен пионер кој отсекогаш знаел како да гледа надвор од границите зацртани од неговото време, секогаш ги следел неговите инстинкти, а никогаш трендовите на моментот.

Роден е во Хирошима на 22 април 1938 година и ја преживеал атомската бомба, дипломирал во 1964 година на Универзитетот во Токио (уметност), многу рано почнал чекори во модниот свет.

Мијаки остави неизбришлива трага во модната индустрија. Во младоста како стилист работеше и во Европа и САД пред да отвори своја модна куќа во Токио во 1970 година и да почне да се појавува на модните писти во центрите на мода, Париз и Њујорк, каде што се здоби со глобално признание.

Честопати познат како „кројачот на ветрот“ Мијаки е познат по употребата на набори во облеката, по неговите едноставни џемпери со ролка, како оние што ги популаризираше Стив Џобс или по неговата линија на чанти Бао Бао со геометриски дезени, вклучувајќи ги и неговите многубројни неаборавни креации.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....