01:10 - 7 април, 2026

Почина Хатори Ханзо, легендарниот лик од „Убиј го Бил“

Шиничи „Сони“ Чиба, иконата на боречките вештини и ѕвездата од филмовите „Убиј го Бил“ и „Брзи и бесни: Токио дрифт“ почина од компликации предизвикани од коронавирусот, на 82 години. Веста ја потврди неговиот агент и откри дека Чиба починал во болница во Јапонскиот град Кимитсу, каде бил сместен откако му била дијагностицирана болеста. Ѕвездата од култниот класик „Уличен борач“ од 1974 година, наводно не бил вакциниран.

Со вистинско име Садао Маеда, Сони Чиба стана познат интернационален актер и кореограф на борби со кариера долга повеќе од шест децении, а негов голем обожавател беше режисерот Квентин Тарантино.

Чиба во 1964 година интензивно тренирал за јапонската олимписка репрезентација во гимнастика кога повреда на колкот, која ја здобил работејќи хонорарно како градежник, го спречила да си ги исполни соништата. По повредата Чиба почнал да гради импресивна кариера на големото платно и паралелно ги усовршувал боречките вештини, што подоцна му ги отвори вратите на филмскиот свет.

Тарантино му ја додели улогата на пензионираниот изработувач на мечови Хатори Ханзо, во првиот дел од „Убиј го Бил“.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....