10.8 C
Скопје
23:08 - 20 април, 2026

Почина глумецот Дејвид Мекалум: „Имав неверојатен живот“

Дејвид Мекалум, кој стана една од најголемите телевизиски ѕвезди во 1960-тите глумејќи го рускиот шпион Илја Курјакин на „Човекот од U.N.C.L.E.“, а потоа, децении подоцна, освои нова генерација фанови со хит серијата „NCIS“, почина на возраст од 90.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Дејвид Мекалум и привилегирани што CBS беше неговиот дом толку многу години. Дејвид беше надарен актер и писател и беше сакан од многумина ширум светот“, објави NCIS на социјалните мрежи.

Според списанито „Варајати“, починал од природна смрт.

Роден во Шкотска, син на двајца музичари, Мекалум имаше седумдецениска актерска кариера, која датира од неговите студентски денови во 1950-тите години на лондонската Кралска академија за драмска уметност, каде што една од неговите колешки беше идната ѕвезда Џоан Колинс.

Својата кариера ја започна со споредни улоги во голем број британски филмови, вклучително и „Ноќ за паметење“ во 1958 година, каде што го играше Харолд Брајд, радио оператор на Титаник.

Тој го привлече вниманието на американската публика со неговата мала, но клучна улога како еден од заробениците што планира масовно бегство од германски затворски логор од Втората светска војна од 1963 година во класиката „Големото бегство“.

Мекалум исто така гостуваше во бројни американски ТВ серии, а во 1964 година се појави во шпионската серија „Човекот од U.N.C.L.E.“.

Во интервју за британски „Мирор“ во 2016 година, Мекалум рече дека неговите обожаватели му биле толку верни што во текот на прошетка низ њујоршкиот Централ парк, додека серијата се емитувала, се собрале бројни луѓе.

„Луѓето почнаа да се собираат, а два полицајци на коњи ми пријдоа од грб и мораа да ме подигнат. Истрчавме од паркот“, рече тој.

Нова средба со славата го очекуваше кога Мекалум ја играше улогата на медицински истражувач во воената детективска серија на CBS, „NCIS“.

Тоа беше една од најпопуларните серии на американската телевизија во последните 20 години.

Мекалум, кој рече дека тоа е негова „најдобра улога досега“, се нурна во таа улога студирајќи судска медицина, па дури и присуствувал на обдукции.

„Имав неверојатен живот. Можам да седам тука цела недела и да зборувам за минатото и 99, 9 отсто тој разговор ќ биде позитивен“, рече своевремено глумецот за „Мирор“.

Слични објави

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно шокира: „Баба ми почина гледајќи филмови за возрасни“

Еспресо
Се вчитува....