8.8 C
Скопје
07:52 - 18 октомври, 2026

По три години, судот конечно пресуди во корист на Наташа Шавија која брутално беше претепна од Стефан Кариќ

По речиси три години судски процес кој ја брануваше јавноста, донесена е пресуда за еден од најголемите скандали во регионалните ријалити кругови. Поранешниот учесник во „Задруга“, Стефан Кариќ, е прогласен за виновен за нанесување тешки телесни повреди на Наташа Шавија.

Како што дознаваат медиумите, по детална анализа на сите изведени докази и сведочења за настанот кој се случи на 1 мај 2023 година, судот донесе одлука со која Кариќ е осуден на условна казна затвор во траење од три години.

Деформации за цел живот

Наташа Шавија го обвини Кариќ дека по бруталниот напад завршила во болница со повеќекратни фрактури на лицето. Таа помина низ две тешки операции на окото за да го врати својот физички изглед, но последиците се видливи и денес.

„Деформирана сум за цел живот! Капакот на окото ми е неподвижен и не знам дали некогаш ќе изгледам како претходно. Моето семејство доживеа огромен стрес, а јас се надевам дека барем нема да имам трајни психички последици“, изјави Шавија во една прилика за време на процесот.

Крај на најследениот судски процес

Иако во текот на судењето имаше бројни одложувања и пресврти , од тоа што Кариќ уредно се појавуваше на рочиштата, до периодот кога Шавија го избегнуваше соочувањето пред судот – пресудата конечно стави точка на овој случај.

Шавија претходно истакна дека ова што го преживеала е „полошо од секое семејно насилство“ и дека нејзината единствена желба била правдата да биде задоволена и виновникот да биде соодветно казнет за насилството што го извршил.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....