34.8 C
Скопје
14:49 - 17 август, 2026

(Фото) Откако се вљуби во Јосип, Даниејела Мартиновиќ процвета-вака ги изненади битолчани

Хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ ги изненаиди битолчани за изминатиов продолжен викенд.

Таа им приреди незаборавна велигденска вечер на битолчани со својот настап во еден популарен локал во Битола, каде атмосферата беше исполнета до последно место, а видео од нејзиниот настап објави продукцијата „Евентум“.

Ресторанот пулсираше во ритамот на нејзините хитови но и песни од групата „Магазин“ кои ги пееја нејзините колешки, а публиката во еден глас ги пееше познатите рефрени. Мартиновиќ уште еднаш потврди дека знае како да ја претвори вечерта во вистински музички спектакл.

Покрај пеењето, внимание привлече и нејзиниот впечатлив стајлинг. Пејачката се појави во елегантен, но смел сценски аутфи, ултра краток темен фустан комбиниран со впечатливи чорапи со дезен и високи потпетици, дополнети со ракавици, што ѝ даде модерен и секси изглед.

Сценската појава беше заокружена со минималистичка фризура и впечатлив кармин.
Настапот беше проследен со жива бенд придружба, која внесе дополнителна енергија и динамика, додека публиката не престана да игра и аплаудира до доцните часови.

Хрватската пејачка е среќна и вљубена во криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.
Откако во јавноста го претстави своето момче, пејачката не ја симнува насмевката од лицето.

Јосип не се одвојува од неа и секој слободен момент го користи за заедно да го поминат.

„Јас и Јосип сме повеќе од убав пар. Но, не би сакала многу да зборувам за мојот приватен живот. Како и да е, јас сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште“, изјави пејачката за „24 сата“.

Мартиновиќ кратко време беше во брак со пејачот Марко Перковиќ, па влезе во долгогодишна врска со пејачот Петар Грашо. За „24 сата“, таа откри дека нема ништо против идејата да стапи во брак со нејзиниот актуелен партнер.

Слични објави

32 години од првите „Охридски трубадури“: Како почна фестивалот што ја слави македонската песна

Т.Ц.

(Фото) Миа Костова во шок! Една година комуницирала со лажен профил, се јавија и мајки на болни деца

Еспресо

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Т.Ц.

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден, изгледа неверојатно во бикини покрај море

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров и Марта ги одбројуваат деновите до најубавата животна улога — вљубени и насмеани уживаат во Охрид

Еспресо
Се вчитува....