13:02 - 23 јуни, 2026

По 50 години Здравко Чолиќ со концерт во Крива Паланка: Доаѓам со голем ансамбл, со бенд од 12 члена, танцова група и гудачко трио 

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ одамна не ја забавувал публиката во Македонија, уште пред короната.

Затоа, како што вели тој пред концертот на Joy fest , на овој настап ќе додаде енергија и магија на одредени песни.

-Во Крива Паланка сум бил во 70-тите години, на самиот почеток на мојата кариера. Настапував заедно со Маја Оџаклиевска и Кемал Монтено. Во тоа време работевме и патувавме многу, особено на југот на поранешна Југославија, кога ги посетивме речиси сите градови. Крива Паланка е историски град кој го паметам по прекрасниот манастир и мислам дека е дел од регионот познат по рударството, вели Здравко и додава:

– Драго ми е што работите конечно се средија и што по долго време се вративме пред македонската публика. Во нашата стандардна поп-програма, која ќе ја слушне и публиката во Крива Паланка, има сплет на песни кои претставуваат вистинска музичка временска машина низ мојата педесетгодишна кариера, а судејќи според реакциите на публиката, би рекол дека секоја избрана песна го има своето заслужено место на таа листа и дека публиката е многу среќна што ја пее со нас. Доаѓаме во голем ансамбл, со бенд од 12 члена, танцова група која на свој начин ќе разубави и додаде малку енергија и магија на одредени песни, а носиме и интересно гудачко трио кое ќе претстави некои од моите песни кои вообичаено не ги изведуваме на малку поинаков начин. Сигурен сум дека не очекува посебна вечер на музика и дружење, вели тој.

Пред големиот концерт на градскиот стадион во Крива Паланка, кој е во рамките на Joy fest, Чолиќ ги откри и плановите.

– Во моментов сме посветени на завршување на нови песни и издавање на нов албум. Ако се оди според планираното, ќе објавиме неколку синглови, а потоа и целиот албум до пролет. Потоа следи концертна промоција во бројни земји и градови. Секако, Македонија е неизбежна на таа листа и верувам дека наскоро ќе се дружиме не само во Скопје, туку и во другите градови во кои секогаш со задоволство се враќам, вели Здравко, а на жителите на Крива Паланка им порача:

– Драги мои Паланчани, среќен сум што после многу години конечно се враќам во вашиот убав град и што заедно со песна ќе го прославиме празникот Успение на Пресвета Богородица. Ќе се погрижиме за најдобрата атмосфера, а се надевам дека ќе не послужи и убавото време и дека во Крива Паланка ќе дојде драга публика и нашите пријатели од другите градови од Македонија, Србија и Бугарија. Крива Паланка, те сака и те поздравува твојот Здравко Чолиќ, додаде тој на крајот.

Слични објави

На 48 години има струк од 62 сантиметри — Јелена Розга ја откри својата тајна

Е.А.

Пропадна бизнисот на Војаж — „Беше навистина климаво, ја завршивме работата во минус“

Е.А.

Провокативно издание на ќерката на Чола — ја крена ногата, а долу…

Е.А.

(Фото) Елена Ристеска со емотивна честитка за 45. роденден на сестра ѝ Драгица: „Горда сум на тебе за сите животни победи“

Еспресо

Македонец триумфираше во „Никогаш не е доцна“ — Виктор Димитриевски ја освои публиката и победничката титула

Еспресо

Кое му е омилено јадење на Здравко Чолиќ? Готвачка ги откри неговите гурмански тајни

Еспресо
Се вчитува....