11.8 C
Скопје
22:32 - 13 април, 2026

ПО 23 ГОДИНИ: Моника Левински ќе ја раскаже својата приказна за скандалот со Клинтон

Моника Левински со години беше во центарот на вниманието на медиумите откако беше откриена аферата со тогашниот американски претседател Бил Клинтон.

Последиците што ги остави овој секс-скандал врз нејзиниот живот и кариера се огромни, а таа конечно доби шанса да ја раскаже својата страна од приказната.

Во тоа време, младата Моника имала само 22 години и работела како приправничка во Белата куќа, а аферата ја разоткри нејзината колешка и пријателка снимајќи ги разговорите.

Нејзината приказна ќе биде раскажана како дел од „Импичмент американска криминална приказна“, а Моника морала да ангажира психолошка поддршка за повторното преживување на траумата.

Левински во серијата ќе ја отелотвори актерката Бини Фајнштајн која неодоливо наликува на младата Моника.

 

Линда Трип, државна службеничка и наводна пријателка на Моника, снимила 22 часа нејзини разговори со претседателот и ги предала како доказ.

Фото: Принтскрин/Youtube

 

За потсетување, кога информациите за нивната афера протекоа во јавноста, изби невиден скандал, а Клинтон на почетокот го негираше тоа: „Немав сексуални односи со таа жена“, изјави тој на конференцијата во Белата куќа, стоејќи покрај својата сопруга Хилари Клинтон. Но, синиот фустан послужил како доказ бидејќи на него имало траги од ДНК на претседателот, по што тој бил принуден јавно да ја признае аферата со својата приправничка.

Слични објави

Џастин Бибер направи хаос на „Коачела“ – за 10 милиони долари пушташе музика на лаптоп!

Т.Ц.

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо
Се вчитува....