6.8 C
Скопје
04:21 - 19 октомври, 2026

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

Пејачката Нела Видаковиќ откри дека не се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во нејзината емисија, но дека не се кае за својот потег.

Видаковиќ демонстративно го напушти студиото за време на Божиќната емисија на Јована, затоа што не беше задоволна од изборот на музика, поточно што на листата не беше нејзината песна „Орас“.

„Јована не ме повика по емисијата. Таа сакаше да се пее „Луне, Луне“, јас реков: ‘Па, Јована, Божиќ е, ајде да пееме некои убави божиќни песни како „Орас“ или „Божиќ е“ од Баја’. Но, таа сакаше „Луне, Луне“ , тоа е нејзина емисија, нејзин избор. Сепак, јас мислев дека за Божиќ треба да пееме наши вистински, убави српски песни. Тоа ме повреди, што не можеше да се изведе мојата песна „Орас““, призна Нела во емисијата „Во фокус“.

Таа додаде дека не се кае за својот потег:

„Кога ќе дојдеш во нечија емисија, тоа е како да си во нечииот дом, како гостин. Ако тој не те почитува и не ти дозволува да бидеш она што си, тоа е за мене знак на непочитување. Ме повреди како човек и како уметник. Жал ми е што се случи, но нема да направам компромис со себе“.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....