00:25 - 25 јули, 2026

Пејачката Барбара Бобак поради Дарко Лазиќ завршила на психотерапија: „Сѐ уште ги носам траумите од таа врска“

Пејачката Барбара Бобак отворено проговори за турбулентниот период кога била во врска со колегата Дарко Лазиќ.

Таа откри дека поради тешкиот период побарала стручна помош и истакна дека психотерапијата многу ѝ помогнала.

-Побарав и добив помош. Многу ми значеше, бидејќи е важно да разговараш со некој што не е пристрасен, кој со своите прашања те насочува сам да дојдеш до одговорите и кој не е воден од лутина или омраза. Ако нешто не можеш сам да го решиш, ако нешто те мачи, ако веќе си разговарал со пријателите и сè уште не ти е подобро, треба да побараш стручна помош. Тоа не е никаков „баук“, туку едноставно разговор – изјави Барбара за српски Телеграф.

Таа искрено призна дека сѐ уште не сака детално да зборува за траумите од бурната врска со Дарко Лазиќ.

-Бев поттикната да кажам еден дел, иако никогаш не планирав јавно да изнесувам детали, и тука ќе застанам, бидејќи сè друго би било изложување на мојот приватен живот пред јавноста, а нема потреба од тоа. Кој сака да разговара со мене и има сличен проблем, може да ми се обрати и ќе се обидам да дадам совет, но јавното навлегување во детали повеќе нема смисла – рекла пејачката.

Како што додала, и натаму се соочува со анксиозни напади.

-Имам моменти на анксиозност, но не сум земала терапија бидејќи се плашам да не станам зависна. Не знам. Ако некому тоа му помага, треба да се користи исклучиво по препорака на лекар, а никако на своја рака – изјави таа за Телеграф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bobak S. Barbara (@barbara.bobak)

Слични објави

Животот ѝ приреди сценарио какво што ретко се гледа и на филмското платно – тажната приказна на Јадранка Стојаковиќ

Т.Ц.

„Битно ставив панделка“: Маја Кикириткова се обиде сама да ја склопи скарата за роденденот на сопругот

Еспресо

(Видео) Масовна тепачка по настапот на Аца Лукас, учествувале повеќе од 80 луѓе, полицијата реагирала

Еспресо

Сопругот на Јелена Јованова откри што ја прави нивната љубов толку силна: „Таа ми е најголемата поддршка“

Еспресо

(Фото) Подготвени сте за комплименти? Посетете го бутикот „Прагма“ во ГТЦ и пронајдете го фустанот во кој ќе блеснете

Еспресо

(Видео) Нина Бадриќ воодушевена од концертот на Бруно Марс: „Ожени ме, ожени ме!

Еспресо
Се вчитува....