03:36 - 8 ноември, 2026

Патот кон себе: Уживање

Дали сте го добиле еден од најомилените совети на нашите родители во обид да не научат на дисциплина? „Прво работа, потоа уживање“.

Но што ако денот не стасува да се заврши работата, а уживањето нема да стигне на ред до крај на завршување на работната недела?

Ние живееме во време на интензивна дневна динамика и огромни промени. Промените што се случувале во првата и втората индустриска револуција го менувале животот на луѓето во период на еден век и подолго. Сегашната технолошка револуција ни ги менува животите „преку ноќ“. Таквото темпо и растечки обврски се „додадена вредност“ на стресот.

Стрес-механизмот на телесно ниво функционира така што кога мозокот препознава некоја дразба од сетилата како опасност, го подготвува телото да се справи со неа. Еволуциски, така дизајнираниот мехнизам му помагал на човекот да опстане меѓу дивиот свет.

Дразбата препознаена како опасност предизвикува активирање на симпатикусот, се лачи адреналин, има забрзано срцебиење, потење, брзо дишење, односно подготовка за борба или бегство.

Но, во денешно време на цивилизациски напредок, стресот не е диво животно од кое човекот треба да бега, туку доцнење на плата, на пример. А организмот реагира на телесно ниво на идентичен начин како кога диво животно трча кон предисторискиот човек.

Кога опасноста поминува, се активира парасимпатикусот и настанува релаксација на организмот. Кога пак, организмот е во состојба на „готовност“ подолго време, не се активира парасимпатикусот, тогаш наместо адреналин, почнува да се лачи кортизол. Тоа е хормон на стресот.Таквата исцрпувачка состојба на продолжен стрес може да прерасне во анксиозност, депресија, „брнаут“, несоници, или други последици по менталното здравје.

Затоа изреката прво работа, па уживање не може да се спроведе во време кога дневните обврски не можат да се сместат во осум или десет часа во тек на денот. Оттука уживањето не е луксуз, туку потреба, здравје.

Уживањето не значи одење на егозтичен остров, одмор од соништата или украдено време во викендите. Уживањето значи контакт со себе, со своите потреби и она што нè релаксира. Мали промени во дневната рутина може да направат голема разлика во балансот меѓу хормоните на среќата и хормонот на стресот.

Но, прво е најважно да се укине внатрешната забрана за уживање додека „работата на е завршена.“

Ида Протугер, – психолог, тренер за личен и организациски развој
www.idaprotuger.com

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....