18:02 - 8 ноември, 2026

Од Даблин право во Скопје – доаѓа бенд кој не треба да се пропушти

Во МКЦ бифе утре (петок, 3 март) од 20 часот ќе гостува „Senzar“, блек-метал бенд од Даблин, Ирска.

„Имаат мини турнеја на која покрај Скопје се и Софија и Букурешт. Во Букурешт свират на „Bucharest DeathFest’ како директна поддршка на „Vomitory“. Бенд кој дефинитивно не треба да се пропушти“, соопштуваат организаторите „Terravoid“.

Како локална поддршка на настанот се „Ambroz“, најавени како врвот на копјето на македонскиот блек метал и воедно бенд со скоро ветерански статус кај нас.

Исто така, ќе настапуваат и „Inner hate“ од Кичево, кои се формирани 2017-та година и свират мрсен и дрзок дет/треш метал.

„Последниве години се прилично активни низ државата и се дефинитивно „а must see’“, стои во најавата.

Картите по цена од 300 денари се продажба на билетарницата на МКЦ и на следниот линк.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....