21:32 - 29 ноември, 2026

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Пејачот Слоба Радановиќ открил необична и непријатна ситуација што му се случила за време на еден од неговите настапи.

Одговарајќи на прашања од своите следбеници на социјалните мрежи, пејачот раскажал дека една обожавателка се обидела да го бакне во уста додека бил на сцената, но тој го одбил нејзиното барање.

Наместо да се повлече мирно, девојката реагирала бурно и, како што раскажал Слоба, го гаѓала со својата чизма.

На прашањето која е најнеобичната работа што некој обожавател му ја направил или му ја добрлал на сцена, тој одговорил:

„Една девојка ја фрли оваа чизма затоа што не сакав да ја бакнам во уста. За среќа, ме погоди во глава.“

Пејачот не открил кога точно се случил инцидентот, ниту за време на кој настап, но неговата приказна предизвика внимание кај следбениците.

Слоба Радановиќ со години е во брак со сопругата Јелена, со која има и син, а очигледно дел од обожавателите понекогаш ги преминуваат границите во желбата да му се приближат на својот омилен пејач.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....