22:09 - 29 ноември, 2026

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Седма година по ред, традиционално во Хрватска се одржа концерт во чест на легендарниот Оливер Драгојевиќ, кој почина во 2018 година.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ била меѓу публиката и ги сподели своите емотивни впечатоци на социјалните мрежи.

Таа откри дека со ова исполнила голема желба за себе, истакнувајќи дека Оливер никогаш не ги напуштил срцата на публиката.

– Сите имаме своја листа на желби. Некои големи, некои сосема мали. Јас синоќа една прецртав – напишала таа и додала:

– Сакав да почувствувам како изгледа љубовта што еден град и еден народ ја чуваат кон својот уметник. Да ја вдишам таа енергија, таа почит и таа емоција што не исчезнала дури ни по сите овие години – пишува Марија и додава:

– Не дојдов да го слушам концертот. Дојдов да разберам зошто постојат луѓе кои никогаш навистина не си заминуваат. Сега разбирам.

Марија го поминува целото лето крстарејќи по Јадранот со своите пријатели и синот Марио, а откако уживаа во Црна Гора, се преселија во Хрватска.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....