8.8 C
Скопје
03:00 - 16 мај, 2026

Нови детали: Меган Маркл била огорчена што не ѝ било платено извршувањето на кралските должности

Само неколку дена по погребот на кралицата Елизабета Втора, кралското семејство се соочува со нов проблем – најновата книга за кралското семејство насловена „It’s Courtiers: The Hidden Power Behind the Crown“ од авторот Валентин Лоу, што се најавува како ново експлозивно издание за принцот Хари и Меган Маркл.

Дописникот на „Тајмс Ројал“, Валентин Лоу открива пикантни детали во книгата, особено посветувајќи ѝ простор на Меган Маркл.

Меѓу бројните пикантерии, авторот наведува дека Меган Маркл не била воодушевена од извршувањето на кралските должности, а тоа што била принудена да го прави тоа уште и бесплатно особено ја лутело.

Ваквото мислење дури го искажала и гласно во времето кога војводите од Сасекс биле на официјална турнеја низ Австралија, Нов Зеланд и Фиџи, во 2018 година.

„Иако на Меган ѝ се допадна вниманието, таа не ја сфати поентата на сите овие прошетки, ракувања со безброј непознати луѓе. Според член на послугата, барем во една прилика била слушната како вели: „Не можам да верувам дека не добивам плата за ова“, пишува Валентин Лоу.

Во книгата пишува и дека Меган Маркл го малтретирала персоналот и била бесна што не смеела да ги задржи подароците кои ги добивала од најразлични организации.

Слични објави

(Видео) Тереза ​​Кесовија се потсети на својот настап на Евровизија: „Еве како се правеше тоа порано“

Еспресо

(Фото) Српската инфлуенсерка прошета на црвениот тепих во Кан – блесна во фустан со корсет

Еспресо

(Фото) Еве каде ќе живее Едита Арадиновиќ со детето – пејачката најми архитект, сѐ е по мерка

Еспресо

Јаков Јозиновиќ во Белград носеше кошула со моќна порака: „Да љубовта повторно биде во мода“

Еспресо

Николина Пишек запре сообраќај во Загреб за да спаси еж: „Малку ни свиреа, но тој сега е безбеден“

Еспресо

(Фото) Бобан Рајовиќ стаса во Охрид, причината е интересна

msp-admin
Се вчитува....