12:30 - 29 ноември, 2026

(Фото) Николија пред Реља била во љубов со НБА кошаркар: Врската траела две години, но кариерата пресудила

Николија Јовановиќ денес е во брак со Реља Поповиќ, со кого има две ќерки, но пред него била во љубов со познат кошаркар. Иако ретко зборува за приватниот живот, познато е дека таа имала врска со Танасис Адетокумбо.

Нивната романса започнала додека Николија студирала во Грција и траела околу две години. Во тој период, таа често патувала во Америка за да биде со него.

Врската ја поддржувала и нејзината мајка, Весна Змијанац. Сепак, во 2014 година тие ставиле крај на љубовта.

Како главна причина за раскинот се наведува различниот поглед на иднината. Кошаркарот сакал Николија да се пресели со него во Њујорк и да започнат заеднички живот.

Од друга страна, таа сакала да остане во Србија и да ја гради својата музичка кариера. Дополнително, нивните сè почести расправии придонеле за конечниот прекин.

По раскинот, Николија ја пронашла среќата со Реља Поповиќ. Денес тие важат за еден од попознатите парови на регионалната сцена. Реља неодамна зборуваше и за нивниот начин на воспитување на децата.

Тој истакна дека најважно му е да им даде слобода и да ги следат сопствените интереси.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....