11.8 C
Скопје
06:27 - 23 октомври, 2026

НЕСУДЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПОП СО СРПСКА РОК ПЕСНА: „Реци ми“ е најава за албумот на Александар Џо Господов

Од попско пеење, желбата за музика и творење ја преточи во поп-рок прифатлив за сечие уво.

Џо е роден во Скопје 1996 година на 5ти мај, со музиката е од најрани нозе. Има свирено во многу бендови во нашата земја на концерти и свирки. Неговиот прв албум го издаде минатата година на 3-ти јануари на англиски јазик со наслов „Goodbye“. Има издадено три ЕП – ија и многубројни синглови. Оваа година ќе вади нов албум на српско-хрватски јазик кој ни го преставува со неговиот нов сингл „Reci mi“. На оваа песна му гостуваат: Драган Гиновски на електрични гитари, Стефан Митев на бас и Јан Стефановски на тапани. Пропратните вокали ги испеаја Наташа Миха и Мартина Митревска.

Фото: Приватна архива

Александар Џо неговото средно образование го започна на Богословија – Св. Климент Охридски во Драчево, но не стана поп. Се презапиша и заврши средно Економско и продолжи по патот на економијата, а магистрираше на УТМС. За време на неговите студии тој го отвори и негово студио „BlueTown Studios“ каде ги снима неговите материјали за издавање и каде што снимаат многу други музичари.

Желбата за музика и творење, од попско пеење, ја преточува во фин поп – рок, прифатлив речиси за секое уво. Но, бидејќи сметтката дома и на пазар не е иста, планираниот видео запис за насловната песна „Реци ми“ не е реализиран на начин на кој Џо сакал. Имено, овој спот е само комбинација од бесплатни видеа кои ги нудат сајтовите. Затоа, ветува Александар, ќе ни се „раздолжи“ со достоен видео запис за наредниот сингл.

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....