08:59 - 10 февруари, 2026

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: Јелена сака Душко да ја придружува во Дубаи, се обидува да го спаси бракот

јелена карлеуша

На Божиќ, Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство. Во иминативе неколку дена, ситуацијата будно се следеше и се разви во забрана за пристап, изјава за невиност од страна на Душко и дополнителни интриги.

А сега, Јелена има претстоен настап во Дубаи и желба сопругот Душко да замине во потоплите краишта на Блискиот Исток со неа за да се обиде да ја зачува брачната заедница.

ЈА ПЛУКНАЛ И Ѝ УДРИЛ ШАМАР: Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко за семејно насилство

Ова за „Курир“ го потврдил нивен заеднички пријател, кој инсистирал на анонимност.

– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава тензијата која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот во ОАЕ и сака Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но тој со децата заминува на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не беше сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека сè може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко за „Курир“.

СЕ КОЛНЕ ДЕКА ЈЕЛЕНА ГО ПРИЈАВИЛА ПОРАДИ ОДМАЗДА: Душко Тошиќ пред полицијата инсистира на невиност

Според него, засега не се оди кон развод

– Јелена дава сè од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметаше дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап ѝ е многу важен. Таа жена издржа многу, но работата и семејството ѝ се на прво место. Ние, пријателите, сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – завршува пријателот во изјава за „Курир“.

НОВ ЗАПЛЕТ ЗА СЛУЧАЈОТ КАРЛЕУША И ТОШИЌ: Не е дозволена комуникација, Душко има забрана за приоѓање во близина на Јелена уште 30 дена!

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ остана во чудо, малиот Марио свири тапани како професионалец

Еспресо

Дневен хороскоп за 10 февруари: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

„Две години се молев да забремени“: Емотивна исповед на пејачката Инди за сестра ѝ Едита и нејзиниот партнер

Еспресо

Нина Бадриќ со емотивна порака до својата публика: „Ми рекоа дека тоа е тешка работа, дека не се исплати …“

apostolova

Поранешниот на Цеца ужива во љубовта со убавата мисица: „Тој ми ја врати вербата во мажите“

Еспресо

Вака Небојша Глоговац ги помина последните часови од животот: „Се шегуваше со сопругата, а потоа одеднаш му се слоши“

Е.А.
Се вчитува....