9.8 C
Скопје
18:01 - 30 март, 2026

Нека трае аплаузот, да го слушне таму горе: Ана Костадиновска ја отвори душата

Со емотивна се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал и професорка по пеење, ќерката на маестро Кире Костов, која успеа да се спаси во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март.

Ана пеела на концертот „Летај галебе“ во чест на нејзиниот татко, легендарниот автор на многу хитови, Кире Костов, и по овој концерт таа своите емоции ги пренесе на Фејсбук:

-Ноќ која ги разбуди најубавите спомени од детството. Совршен мозаик од музичка слика во која секое парче совршено се вклопи.

Аранжманите на Маестро Дамир Имери, музичката визија на Маестро Сашо Татарчевски, секој еден изведувач кој автентично ја отпеа избраната нумера, сценариото на Маја Бабиќ и начинот на кој го пренесоа Живкица Каленикова и Огнен Јанески и сè ова допрено со волшебното стапче на, за мене НАЈГОЛЕМИОТ Дејан Пројковски.

Музичката слика, едноставно совршена беше доверена на Миодраг Неќак. Последното, но не помалку важно парче во мозаикот, беспрекорната организација на „Баги Комуникации“ и Владимир Манде Мандичевски.

Нека трае аплазуот, да го слушне таму горе и тој и мојата втора фамилија кои, сигурна сум допринесоа во целата МАГИЈА, која сите присутни ја почувствувавме. Низ објективот на мојот сакан Ванчо Џамбаски“, напиша Ана Костадиновска.

Фото / Фејсбук

Сопругата Кармен и едната ќерка Нина во публиката, другата ќерка Ана на сцената, најпознатите пејачи со голем оркестар ги пеат неговите хитови. Вака накусо изгледаше концертот во чест на легендарниот музичар, композтор, диригент и музички педагог Кире Костов насловен „Летај галебе“, вчера во Националната опера и балет, објави „Слободен печат“ за концертот.

Настапија: Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Биба Додева, Елена Ристеска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов. Ана Петановска, Елена Васова и Јапонката Сигијама Кономи,.

 

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....