12:23 - 10 ноември, 2026

НЕГОВАТА „ЛЕЈЛА“ БЕШЕ МЕГАХИТ: Денес Вајта живее со 199 евра во Пула, сопругата Војка уште мора да работи во Хамбург

Музичарот Сеид Мемиќ Вајта, познат по мегахитовите „Лејла“, „Златна рипка“, „Живот е маскинбал“, „ „Азра“ со години ретко се појавува во јавноста.

Според „Дневни аваз“, денеска 72-годишниот музичар пензионерските денови ги поминува во Пула, каде има стан.

Иако беше поп-ѕвезда на поранешната држава Југославија, Вајта денес живее пензионерски живот со пензија од 199 евра, односно 1500 куни, делејќи ја судбината на многу луѓе кои мораат да се справат со толку ниски примања.

Сопругата на Вајта, Војка, се уште не е во пензија, таа работи за егзистенција во Хамбур. Вајта таму редовно ја посетува, а често оди и во Сараево.

Инаку, Вајта во пензија отишол како слободен уметник со 45 годишен стаж и 65 годишна возраст.

Легендарниот Вајта беше еден од најпопуларните музичари во поранешна Југославија, а музичката кариера ја започна како член на групата Тешка индустрија. Од 1977 година беше член на „Змеј од Босна“ од каде почнува потоа соло кариера. Со песната „Лејла’ ка претставуваше Југославија на Евровизија во 1981 година и го освои 15.место. Песната беше и остана голем хит кој му ја обележа кариерата.

Вајта во Пула го посетуваат често неговите колеги музичари.

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....