9.8 C
Скопје
03:55 - 23 април, 2024

НЕ ПРЕСТАНУВААТ ОБВИНУВАЊАТА ПРОТИВ КРИС НОТ: Уште една жена го обвини за сексуално злоставување

крис нот

Не престануваат обвинувањата за актерот Крис Нот познат по својата улога во култната серија „Сексот и градот“.

Сега се појави трета жена која го обвинува за сексуално злоставување. Нападот врз неа се случил, како што вели, кога имала само 18 години. Таа се обидела да го оттурне, но тој бил премногу посилен од неа.

30-годишната девојка, која го обвини актерот, го користи псевдонимот Ава и наведува дека 63-годишниот Крис Нот наводно ја нападнал во ресторан во 2010 година.

АКТЕРОТ КРИС НОТ ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Продолжението на „Сексот и градот“ отворило стари рани

„Се чувствував како да сум единствената личност на светот што слушна како кажувам не“, изјавила таа за „PAGE SIX“.

Девојката истакнала дека одлучила јавно да проговори за случката со актерот откако во странските медиуми видела дека две други жени имале слично искуство што ѝ дало храброст. Едната го обвини за сексуално злоставување во 2004 година, а другата во 2015 година. Актерот ги отфрли сите обвиненија.

Кога актерот ја нападнал Ава, таа имала само 18 години и работела како водителка и пејачка во италијанскиот ресторан „Da Marino“ во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by G_Fialka (@fominafiala)

Норт тогаш имал 55 години и го посетувал ресторанот, обично пијан. Тие двајца често пееле таму заедно, изјавила Ава за локалните медиуми.

Наводната жртва вели дека еднаш му се придружила на актерот на маса каде што зборувале за нејзината кариера и нејзиниот роден град Торонто.

„Ги сакам Канаѓаните“, признала дека ѝ кажал тој фаќајќи и влечејќи ја да му седне во скутот.

Околу еден часот по полноќ, откако ресторанот се затворил, менаџерот на Ава рекол дека ќе ѝ плати во канцеларијата на ресторанот. Отишла таму, го зела својот капут и дневницата. Одеднаш, Норт влегол во канцеларијата и ги исклучил светлата.

КРИС НОТ СЕ ОДНЕСУВАЛ НЕПРИСТОЈНО: Актерката Зои Листер-Џонс жртва на сексуално вознемирување

„Тој се однесуваше како интенционално да влеговме во канцеларија заедно“, рекла таа, опишувајќи го актерот како тежок и силен.

Норт наводно почнал да ја бакнува тогаш, припивајќи ја за бирото во канцеларијата и почнал да ја допира. Таа вели дека се надевала дека менструацијата ќе го спречи актерот, но не. Ава се префрлила на столот за да може да го оттурне со рацете и нозете.

„Не ме слушаше кога му велев „не“, но ме слушна кога реков „не овде“. Го уверив дека ќе се сретнеме на друго место“, изјавила таа за „DAILY BEAST“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Overtimer (@theovertimercom)

Ава потоа рекла дека успеала да го убеди актерот. Ја прашал за адресата за да може да пушти автомобил по неа за да ја донесе во неговиот дом, но таа отишла дома и не одговорила.

„Утрото ме болеа сите екстремитети“, се сеќава таа.

Актерот ги негираше сите обвиненија на Ава и ги нарече „целосно измислени“.

„Крис воопшто не ја познава оваа личност и, како што веќе беше кажано, тој никогаш не би ја преминал границата на таков начин“, изјавил претставникот на актерот за странски медиуми.

Слични објави

(Фото) Оваа пејачка е на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Цеца е строга, знае да викне“

еспресо

(Видео) Хаос во домот на српската пејачка: „Го знаете она кога 10 минути е чудна тишина…?

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац менува професија? Пејачката запиша курс и ги откри деталите

Еспресо

(Видео) Мики Секуловски без конкуренција: Македонскиот претставник го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Фото) „Љубовта ми наполни 52 години“: Јована му го честиташе роденденот на Жељко Јоксимовиќ со емотивна порака

Еспресо

(Фото) „Трета недела“: Познатата српска актерка доживеа тешка незгода, сета е во завои

Еспресо
Се вчитува....