8.8 C
Скопје
01:37 - 29 септември, 2026

„Не може робот да пее како мене“: Дарко Лазиќ ги насмеа сите со изјавата за вештачката интелигенција

Пејачот Дарко Лазиќ вели дека користел вештачка интелигенција (ChatGPT) и верува дека таа можеби би можела да го ископира неговиот изглед, но неговиот карактер и вокал – тешко.

Дарко признава дека најчесто користел вештачка интелигенција за забава и дека му било фасцинантно колку далеку стигнала.

– Да, има голем напредок, но ако зборуваме за пеење, не мислам дека може да нè замени. Прифатив дека е тука, но не се потпирам премногу на вештачката интелигенција, а не ај ни користам многу – вели тој за „Блиц“ и се осврна на снимањето музички видеа, бидејќи таа сфера е најкорисна за визуелизација на песните.

-Се гледа кога спотовите се направени така, затоа јас повеќе сакам да снимам. Верувам дека вештачката интелигенција може да направи песна бидејќи напредуваше во последно време, но прашањето е каква песна.

Дарко сè уште користи ChatGPT во областа на забавата, прашањата што ги поставувал се сведувале на забава, па затоа бил изненаден кога новинарите му кажале дека некои луѓе го користат за да добијат некаков животен совет:

-Навистина? Не знаев дека оди толку далеку. Јас прашав, но тоа беа некакви глупости, ништо сериозно. Можеби некој робот би ми бил корисен за да ми подготви вкусна храна.

Кога сме кај роботите, го прашавме дали би прифатил еден како своја копија.

– Можеби изгледот, карактерот тешко дека ќе ми го ископираат – рече пејачот низ смеа, а кога новинарите го „предупредиле“ дека таков робот би можел да му го земе бакшишот, тој одговорил:

– Не, не верувам дека робот може добро да пее – убеден е Лазиќ.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....