11:32 - 3 ноември, 2026

„Не можам да кријам, тоа е вистината“ – Дарко Лазиќ по многу години откри зошто се разведе од Ана Севиќ

Популарниот пејач Дарко Лазиќ гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, каде во емотивна исповед ја отвори душата за својот прв брак со водителката Ана Севиќ. Иако нивната врска во јавноста изгледаше идилично, Дарко сега призна каде всушност настанал проблемот кој довел до конечен крах.

Лазиќ објасни дека нивниот заеднички живот бил исполнет со љубов и хармонија, но дека надворешните фактори биле пресудни за раздорот.

„За кавга се потребни двајца, исто како и за сè друго. Јас и Ана сме личности кои никогаш не се расправаа многу. Живеевме во прекрасна љубов, но влегуваш млад во естрадата, а тоа е една машинерија која со себе влече и лоша страна и лоши луѓе. Многу луѓе почнаа да ни се мешаат во животот и тензијата едноставно почна да расте“, изјави пејачот.

За првпат, Дарко искрено призна дека неговиот начин на живот, кој вклучувал алкохол и недозволени супстанции, имал огромно влијание врз разводот.

„Морам да признаам, сето тоа влијаеше на нашето разделување. Не можам да го кријам тоа, едноставно е така. Во тоа време бев неодговорен, бев многу млад кога влегов во сето ова. Кој и да каже дека славата не го понесува, лаже, мене дефинитивно ме понесе“, искрен беше Лазиќ.

За да избегнат големи конфликти и кавги кои би можеле да се одразат врз нивната ќерка Лорена, тие заеднички одлучиле дека е најдобро да се разделат како луѓе пред ситуацијата дополнително да ескалира.

Слични објави

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 ноември: Избегнувајте избрзани одлуки

apostolova

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо
Се вчитува....