11:34 - 3 ноември, 2026

Жика Јакшиќ бил на операција: По мозочниот удар, дури и ја посакувал оваа интервенција

Жика Јакшиќ откри дека неодамна бил на операција, по која конечно го решил долгогодишниот проблем со видот.

Водителот и автор на емисијата „Никад није касно“ сподели дека долго време сакал да направи ваква интервенција и сега, како што вели, гледа „како бебе“. Тој пред неколку дена бил опериран во Загреб, каде решил засекогаш да се збогува со очилата што ги носел со години.

– Морам да ви кажам дека направив операција, дали забележувате дека не носам очила? Читам и од блиску и далеку, тоа го направив пред три дена. Бев во Загреб и се оперирав. Докторот ми стави нови очи (се смее), сè траеше десет минути. Сега гледам како бебе и на блиску и на далеку – изјави Јакшиќ.

Тој додаде дека претходно имал диоптрија +2,75 и повеќе од 15 години морал да носи очила, што му претставувало голема непријатност.

– Ме фрустрираше тоа постојано – земи телефон, стави очила, сакаш нешто да прочиташ, пак очила. Не можев ни регистарски таблички да видам од пет метри – истакна тој.
Во разговорот се вклучи и Гоца Тржан, која со хумор додаде:

– И јас првпат „прогледав“ кога се разведов, само што тоа ме чинеше малку повеќе пари – рече таа низ смеа.

Слични објави

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 ноември: Избегнувајте избрзани одлуки

apostolova

Болна исповед на Дарко Лазиќ по смртта на брат му Драган: „Половина од мојот живот си однесе со себе“

Еспресо

Коста ќе добие вистинско богатство за 18. роденден: Дара Бубамара ја подготвува прославата, дала огромни пари за подарокот

Еспресо
Се вчитува....