03:22 - 8 ноември, 2026

На Слаткар не му е чудно што е мета на критики: „Собираа потписи за да ми го откажат првиот концерт во 2009 година“

Познатиот рапер Марко Маринковиќ познат како Слаткар јавно проговори за тоа дека не му е чудно што е мета на критики, и оти е навикнат на „хејт“.

„Јас сум навикнат да не сум им по ќеф, уште од почетоците на мојата кариера сум изложен на лоши коментари. Еве, се сеќавам кога го издадов првиот албум и концертот закажан за Охридско лето во 2009 сакаат да ми го откажат.  Паметам се собираа потписи за тоа“, се присетува пејачот.

Слаткар вели дека е нормално да не му се допаѓаш на секого, посебно,  како што нагласува тој, не е разбран од оние коишто се во калапче и не сакаат да погледнат лево -десно.

„Уметниците треба да бидат коректор на општеството, тоа е нешто нормално, преку својата работа да го искажеш ставот. Дури и потребно е уметниците , посебно ако имаат влијателен „стејџ“ (бина)   да потенцираат некакви проблеми. Јас отсекогаш пишувам за тоа околу нас и не гледам проблем во тоа. Е сега, ако на некој не му се допаѓа тоа што го кажувам во мојата музика, тоа е друга работа. Но, тенка е линијата од тоа да бидеш храбар уметник или да влезеш во кашата. Знаете, има уметници чиј труд повеќе не се цени затоа што ја земале кофата и се потуриле со боја, затоа што оваа страна веќе не им чини“, категоричен е Слаткар.

Неодамна пејачот беше на јавен линч откако беше обелоденето дека Агенцијата за филм ќе го финансира филмот јшто се прави за Слаткар, поточно за неговата животна борба со пелтечењето.

Пејачот на оваа тема зборуваше за „Слободен печат“.

Слаткар на Илинден ќе има голем концерт на Билјанини извори.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....