16:01 - 9 ноември, 2026

На принцот Вилијам не му било смешно: Откриен прекарот што му го дала Кејт Мидлтон на колеџ

Иако имаат кралски титули, британските членови на кралското семејство не се имуни на добивањето прекари, од кои некои понекогаш не им се допаѓаат. Принцот Вилијам заработил неколку од нив додека бил на колеџот и тоа од неговата сакана Кејт Мидлтон

Британскиот The Mirror ја откри долго чуваната тајна на кралската двојка принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Се дозна како војвотката од Кембриџ го нарекувала принцот Вилијам додека заедно студирале на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска.

Таа му го дала прекарот Big Willy „Големиот Вили“.

Така наводно му се обраќале и колегите со кои се дружеле. Има и друг прекар, кој секако не му бил најомилен на британскиот принц. Кејт го нарекувала ‘baldy’ („ќелав“), поради неговото рано опаѓање на косата.

Вилијам не е единствениот со прекар кој не и беше познат на јавноста.

Неодамна беше откриено дека прекарот на Дијана, принцезата од Велс во семејството не бил Лејди Ди, туку дека сите во семејството ја нарекувале Duch (војвотка).

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....