11:20 - 29 ноември, 2026

На Џенифер Лопез и Бен Афлек не им е грижа што мислат другите – една година по венчавката пак ќе даваат завет

џенифер лопез бен афлек

Една од најславните двојки во светот реши да ги обнови брачните завети една година по венчавката за која сите зборуваа и пишуваа, по што ќе следи гала прослава во нивната луксузна вила.

Бидејќи не е вообичаено да се обновуваат заветите толку рано, одлуката на Џенифер Лопез и Бен Афлек на почетокот ги изненади сите. Но, нивните најблиски сфатија колку Џенифер и Бен се сакаат и ги поддржаа со цело срце.

„Џен и Бен се повљубени од кога  било и оваа година од нивниот брак беше, со еден збор, спектакуларна. На сите нивни деца им оди одлично, семејствата се хармонични. И двајцата сакаат да ги обноват заветите и да покажат колку се вљубени еден во друг. Тие не ја земаат здраво за готово оваа втора шанса“, изјави извор за Дејли Мејл.

Изворот за споменатите медиуми додаде дека дуото Бенифер има намера да ја слави својата љубов, им се доплаѓало тоа на луѓето или не, бидејќи конечно ја имаат „врската каква што отсекогаш ја посакувале“.

Од друга страна, сопружниците во оваа прилика не се огласија во јавноста, па останува да видиме дали одлуката на Џенифер Лопез и Бен Афлек е конечна или имало промена во последен момент.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....