31.8 C
Скопје
15:33 - 8 јули, 2026

Монах се огласи по изјавата на Сандра Африка дека ќе го крсти својот миленик: „Прости ѝ, Господи. Нема благослов за тоа“

Отец Јован од манастирот на Светите апостоли Петар и Павле се огласи по повод шокантното видео на кое Сандра Африка, наводно во шега со своја пријателка, ја изразува намерата да го крсти своето куче.

Според видеото, таа изјавила дека „нашла црква каде што тоа може да се направи“, што го оставило монахот без зборови.

„Прости ѝ, Господи, не знае што прави! Кога би знаела колкав грев е тоа – да се обезвреднува Светата тајна Крштение – никогаш не би го направила. Тука нема Божји благослов. Ова се страшни работи, богохулење и за вакви зборови може да се оди и на црковен суд и да се сносат сериозни канонски последици, доколку личноста е крстена и припаѓа на православната вера“, истакнал тој.

„Мојот татковски совет е со горки солзи да се покае за тие зборови, кои само нечестивиот може да ги всади во нечија глава и да отиде кај тој свештеник што го спомнува и да му се извини. Ме затекнавте, ова е нечуено. Господи, помилуј“, рекол шокиран монахот за „Курир“.

Да потсетиме, видеото во која се споменува „крштевање на куче“ изгледало вака:

„Сега се пакувам и тргнувам на пат, ама заборавив вчера да ти кажам – планирам на 10 декември да го крстам Африка“, рекла пејачката по телефон на женска личност која ја повикала, по што следувало молчење.

„Што да направиш, бре?! Тоа може ли воопшто? Каде се прави тоа?“ — во шок прашала пријателката.

Африка морала да го прекине повикот поради напад од смеење, а потоа повторно ја повикала и ја уверила дека постои црква што се занимава со тоа и дека веќе е договорено со свештеник.

„Ме зезаш ли ти мене сега? Па ти не си нормална! Добро, разбирам… ама… Господи Боже, чекај да се прекрстам“, се чудела нејзината пријателка.

Слични објави

Дејан Милиќевиќ откри необичен пропуст во легендарниот спот на Цеца: „Не сум нормален…“

Еспресо

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Еспресо

(Фото) Амра и Един Џеко уживаат во семеен одмор – најсаканата босанска двојка откри каде ги полни батериите по Светското

apostolova

Крај на тригодишниот судски процес: Северина ослободена од обвиненијата за наметливо однесување

Еспресо

Се огласи ријалити-ѕвездата што врескала и кршела чаши во кафуле — Лаура откри што мисли за ситуацијата

Еспресо

(Фото) Ксенија Николова доживеа незгода во домот: „Цел тоалет поплавен, чекаме водоводџија, ѕидовите мокри, хаос“

Еспресо
Се вчитува....