03:17 - 19 август, 2026

Мистерија: Што се случува со рацете на сопругот на Азис

Нема сомнение дека бугарскиот пејач Азис е вистински крал на односите со јавноста. Тој знае да направи вест од сè и темите околу него со денови да се коментираат. Но минатата недела, пејачот, кој веќе извесно време престојува во Америка, навистина ги шокираше сите.

Тој јавно објави дека се оженил во Соединетите Американски Држави. Во свој препознатлив стил, најпрво сподели фотографија од две раце со венчални прстени, потоа откри дека неговиот избраник е хирург, а на крај објави и цела серија фотографии со својот сопруг, пишува „Хот Арена“.

Сепак, дури и најдобрите понекогаш грешат. На една од фотографиите, сопругот на Азис – има три раце. Мистериозна рака се појавува од никаде, како да е остаток од друга фотографија, која потоа е додадена на сликата. Ова веднаш ги активираше следбениците на кралот на поп-фолкот на социјалните мрежи.

Коментарите не изостанаа, многумина напишаа дека вистински сопруг не постои и дека станува збор за лик генериран со вештачка интелигенција. Во дискусијата се вклучија и ИТ-специјалисти, кои објаснија дека ваква фотографија може лесно да се направи и дека секој може да „додаде“ кого сака покрај себе.

Азис – Фотос: Инстаграм/Азис

Очигледно налутен од коментарите, Азис одговори со објавување видео од својот сопруг, кој јасно се гледа како зборува.

– Еве го мојот сопруг, создаден со вештачка интелигенција, ид**ти! – им порача пејачот на хејтерите.

За целосно да ги замолчи шпекулациите, пејачот на „Хабиби“ објави уште едно видео, на кое се гледа како тој и неговиот сопруг шетаат по пазар и јадат кебапи. Азис повторно се пошегува на сметка на „вештачката интелигенција“, но никогаш не објасни од каде се појави третата рака на спорната фотографија.

Сега останува големото прашање – дали хирургот, чие име сè уште не е откриено, ќе се појави на концертите на Азис во на 13 и 14 февруари. Ако се појави, шпекулациите веројатно ќе згаснат. Ако не, сомнежите околу бракот ќе продолжат. А доколку сè било само ПР, тогаш Азис ја постигнал својата цел.

Како и да е, по целата оваа врева, пејачот има многу обврски пред себе. Веднаш по двата концерта ќе стане дел од жирито на шоуто „Како две капки вода“, а се чини дека најинтересните моменти допрва доаѓаат.

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....