16:16 - 8 ноември, 2026

„Мислете на богатство во 2026 година. Без пари не се може“: Лепа Брена откри кои се нејзините желби

Лепа Брена влезе во Новата 2026 година со спектакуларен концерт во Тиват. За 2026 година им порача на сите да размислуваат за богатство бидејќи, како што вели таа, не се може без пари.

Брена, која по нејзината снаа Александра Пријовиќ имаше највисок хонорар на приморјето, се појави на сцената во црвена наметка од пердуви, со која ги воодушеви сите присутни, а потоа се пресоблече во интересна сина комбинација во која доминираше крзнено палто и светкави панталони.

Пред настапот, таа откри каква ѝ била 2025 година и што очекува од 2026 година.

– За мене, 2025 година беше како претходните 40 и неколку години во кои пеев. Јас сум личност која сака да ги прави луѓето среќни. Кога ја гледам радоста на нивните лица, тоа ми дава животна енергија. Тоа е мојата карма. Во 2026 година, им посакувам на сите добро здравје и се трудам да развијам добра, работна и креативна енергија. Внимавајте што посакувате, можеби ќе се оствари. Мислете на убави работи и на богатство, без пари не се може – заклучи Лепа Брена.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....