16.8 C
Скопје
13:37 - 18 октомври, 2026

Миле Китиќ ги откри плановите за вилата на Авала, па ја спомна фармата која треба да ја гради Цеца на неговиот имот

Пејачот Миле Китиќ утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде откри детали за својот претстоен роденден. Миле истакну дека секој негов роденден е работен, бидејќи паѓа на полноќ за дочек на Новата година, но додава дека му е драго што ќе може да се дружи со публиката.

„Уморен сум, но работно. Класика, настапувам во Босна, секоја година тоа го правам, сакам таму да работам. Уште малку до Нова година, па потоа одмор … Што се однесува до подарокот, засега ништо, роденденот ми е на први, ќе направиме сите заедно ручек дома, по настапот, како и секоја година“, изјави Миле.

Тој додаде:

„Секоја година ми е работен роденденот, а годинава се радувам што е во Белград, бидејќи сум дома, близу моите. Повеќе не дувам свеќички. За 60-ти роденден се вратив дома, ја гледам сопругата со пријателот, некој Циле и ми беше сè сомнително. Одевме накај Земун и застанавме кај еден хотел, како да не чека таму пријател. Мрак, кога дојдовме, таму ме чекаа пријатели од Европа, од Белград, така што ми приредија изненадување … Не плачев, емотивен бев, но не плачев, ме погодија некои емоции.“

Многу се шпекулираше и за неговата куќа на Авала, како и за неговата колешка Цеца Ражнатовиќ. Миле коментираше за овие шпекулации за својот нов дом и за „фармата“ што наводно требала да ја направи Цеца:

„Немам план за фарма, тоа е многу работа, навечер се слуш бука, тоа се домашни животни, сè е нормално. Што се однесува до Цеца, еден пријател, адвокат, некој прашал што ќе биде таму, па се пошегуваме дека ќе биде фарма, но нема ништо од тоа“, изјави Миле.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....